Историски меч одиграа Манчестер Јунајтед и Реал (3-1) во рамките на “Гинис“ купот во Мичиген. Нивната пресеметка ја проследија 109,318 гледачи, што е најгледан фудбалски меч во САД.
Претходниот рекорд 101,799 гледачи беше поставен за време на финалето од ОИ 1984 во Пасадена, кога Франција го совлада Бразил со 2-0. На “Роуз Бол“ стадионот 100,374 гледачи присуствуваа при триумфот на Југославија над Италија со 2-0 во мечот за бронзениот медал.
Мечот, потсети во голема мера на финалето од СП 1994 кое се одигра пред 94,194 гледачи. Тогаш Бразил ја совлада Италија на пенали 3-2.