Фудбалските клубови од англиската Премиер лига остварија рекордна заработувачка во сезоната која заврши инкасирајќи точно 2 милијарди и 398 милиони фунти.
Секој клуб во Премиер лигата без разлика на пласманот на табелата добива по 39 милиони фунти од ТВ правата, а потоа средствата се распределуваат по пласманот на табелата.
Екипата на Челси која ја освои шампионската титула заработи 151 милиони фунти, додека Тотенхем инкасираше 145 милиони фунти. Манчестер Сити и Ливерпул иако завршија позади Тотенхем на табелата заработија по некој милион повеќе.
Со заработка од речиси 100 милиони фунти можат да се пофалат Сандерленд, Мидлзброу и Хул иако отпаднаа од англиската фудбалска елита.
После овие суми станува јасно зошто токму англиските клубови го имаат главниот збор, односно трошат најмногу на трансфер пазарот.
OhridNews