Во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, регистрирани се 591 нови случаи на Ковид-19, а 40 лица за загубија битката со коронавирусот, информира Министерството за здравство. Во Охрид изминатото деноноќие регистрирани се само 2 нови случаи, а 51 пациент од дене3ска се водат како оздравени. Најмногу нови случаи има во Скопје – 218, па следат: Куманово – 47, Гостивар – 46, Битола – 36, Кичево – 29, Тетово – 28, Прилеп – 26, Велес – 24, Струмица – 22, Штип – 21, Свети Николе – 16, Неготино – 15, Виница – 10, Кавадарци и Кочани по девет, Ресен – шест, Валандово и Делчево по пет, Крива Паланка – четири, Пробиштип – три, Струга, Крушево – по два, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево, Берово и Кратово по еден случај.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 439 оздравени пациенти од: Скопје-102, Штип-22, Прилеп-42, Тетово-49, Струга-21, Велес-36, Охрид-51, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-33, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-20, Пробиштип-5, Пехчево-1, Берово-5, Свети Николе-4, Неготино-14.

Како што информира Министерството, починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47636, бројката на оздравени пациенти е 27803, на починати е 1345, а бројот на активни случаи изнесува 18488. Во Охрид од почетокот на пандемијата дијагностицирани се 1157 слуао, а активни се 486.

OhridNews