Екипата на Ливерпул во последните денови од летниот преоден рок договори засилување за следната сезона. Се работи за Наби Кеита од тимот на Ред Бул Лајпциг.

„Црвените“ од Енфилд за 22-годишниот фудбалер платија рекордни 48 милиони евра и плус бонуси кои ќе се исплаќаат во зависност од успехот на играчот и клубот.

Кеита, кој беше голема желба на Клоп ова лето го надмина трансферот на Мухамед Салах. Еѓипќанецот од Рома во Ливерпул се пресели за 39 милиони фунти.

OhridNews