Позитивна енергија, желба за дружење и забава, патики и маица во најразлични бои се работите кои треба да се понесат за учество на ноќната трка која со почеток во 21 часот ќе започне кај фитнес зоната после кафе барот и ресторан Амброзија.

Организаторите на целта која ќе биде на градското пристаниште имаат подготвено и програма од забавен карактер која ќе биде исполната со охридски изведувачи исклучиво. Исто така, од организацијата ги повикуваат сите заинтересирани да дојдат во 20 часот и 45 минути пред фитнес зоната и ноќната трка да биде исполнета со многу љубители на трчањето и дружењето.

Ноќната трка е во склоп на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, кој ќе се одржи на 3 јуни во Охрид. Најголемиот спортски настан изобилува со многу богата програма оваа година, а на Вас останува да ги „запалите патиките“ и во 21 часот да трчаме и да се дружиме заедно !

OhridNews