Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Велимир Стојковски, е назначен за почесен конзул на Русија во Охрид, јави телевизија „Телма“.
Истиот извор информираше дека рускиот бизнисмен со македонско државјанство, Сергеј Самсоненко, ќе стане почесен конзул на Руската Федерација во Битола.
Владата дала согласност за овие именувања и го задолжила Министерството за надворешни работи да ја спроведе одлуката.
OhridNews