Хотелот „Тино“ во Свети Стефан за претстојниот викенд подготви уште една специјалната понуда за одмор и релаксација по напорната работна седмица.
За само 700 денари по лице за дневна карта, во сабота и недела (на 20-ти и 21-ви февруари) охриѓани и туристите ќе може да уживаат во целодневно користење на затворениот базен и спа центарот со вклучена релакс масажа. Сите заинтересирани лица кои ќе сакаат да ја искористат оваа промотивна понуда, пожелно е да направат резервација на телефон 046/209-340.
Инаку пред почетокот на зимската сезона хотелот „Тино“ започна со издавање на месечен билет за користење на затворениот базен и спа центарот за само 3.000 денари. Посетителите со месечната карта ќе може да го користат неограничено внатрешниот затоплен базен како и спа центарот кој располага со џакузи, сауна и бања на пареа.
OhridNews