Изутринава во земјата се измерени температури над нулата, а најтопло беше во Скопје-Зајчев Рид, Виница и Куманово каде се измерени девет степени. Во Охрид утрово се измерени пет степени.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
OhridNews