Релито Дакар однесе две нови жртви. Двајца чилеанци граѓани загинаа вчера на релито Дакар.

До несреќата дошло откако камионот на аргентинската компанија задолжена за превоз на гумите, преминал на спротивната лента и директно го удрил автомобилот во кој биле двајцата чилеанци.

На релито Дакар кое оваа година се вози во Аргентина и Чиле ова е втор трагичен настан по смртта на мотициклистот Паскал Тери.