Манчестер Јунајтед го освои целиот плен на „Гудисон Парк“ победувајќи го Евертон со 2-0 во 22-та рунда од англиската Премиер лига.
 
 
„Црвените ѓаволи“ до победата која стави точка на серијата од четири мечеви без триумф во сите натпревари дојдоа со головите на Ентони Марсијал и Џеси Лингард во второто полувреме. Францускиот интернационалец во стилот на Тиери Анри погоди во 57-та минута, а англискиот репрезентативец стрелаше на идентичен начин во 81-та минута. 
 
 
Избраниците на Жозе Мурињо со триумфот после три последователни нерешени средби се искачија на втората позиција на табелата пред Челси кој има натпревар помалку.
 
OhridNews