Со минимални (1-0) тимот на Јувентус забележа победа над Рома во „еден два“ дербито во 17-та рунда од италијанската Серија А.


Одлучувачкиот момент на дерби средбата во Торино се случи на самиот почеток, односно во 14-та минута, кога Гонзало Игуаин на маестрален удар ја погоди мрежата на Полјакот, Воишчек Шчезни.


„Волчицата“, во финишот го нападна Јувентус, но лидерот на табелата издржа и прокнижи три бодови на своето конто.

После победата над Рома и ремито без голови на Милан со Аталанта, Јувентус се одлепи на седум бодови од „џалорисите“, а девет од „росонерите“.

OhridNews