Англискиот шампион Лестер го освои трофејот на Интернационалниот куп победувајќи го Селтик по изведувањето на пеналите 6-5 (1-1).
Мечот покрај победата на Лестер го одбележа Ријад Марез кој постигна фантастичен погодок за водство 1-0. Тој по една своја препознатлива соло акција ја затресе мрежата на Гордон и покажа дека неслучајно Арсенал загриза за него.
Подоцна во натпреварот Селтик израмни преку О`конел и победникот се одлучуваше по изведување на пеналите.
Фудбалерите на Лестер ги реализираа шесте пенали, а „детелините“ промашија во шестата што значеше пораз и титула за „лисиците“.
OhridNews