Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев денес изјави дека Фросина Ременски, потпретседателката на Собранието, времено ќе биде суспендирана од сите партиски органи и тела, односно до докажување на невиноста во судскиот порцес.
„Демократските партии водејќи се од презумцијата на невиност носат времена суспензија. Ременски е член на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ и од тој аспакт суспензијата дава можност да не ја користи нејзината партиска и политичка моќ во докажување на невиноста. Јас верувам во нејзината невиност, во презумцијата на невиност, но јас сум јас, а тоа треба да се докаже во судските процеси. Верувам дека Фросина ќе ја докаже невиноста и тогаш вратите повторно се широки отворени да се врати во телата и органите на партијата“, кажа Заев.
OhridNews