Охрид Лоте одигра без голови 0-0 со македонскиот прволигаш Тетекс во контролната средба попладнево на “Билјани Извори“.


“Градежниците“ имаа изгледни прилики во првиот дел, но ударите на Толески и Димоски не ја погодија целта.  Тетекс во финишот на првиот дел ја затресе мрежата на охриѓани, но од недозволена позција.


Во вториот дел гостите ја превзедоа инцијативата , но Радониќ и Глигоровски не успеаа да го совладаат Краљевски, а кога тој беше немоќен гредата беше негов спасител.


Во финишот на мечот се закана нововлезениот Бимбилоски, но неговиот удар од дваесетина метри заврши за малку над голот.


Наредната контрола Тетекс ќе ја има утре против Хајдук Кула.

Мх.П.