Без победник и без голови заврши средбата меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон во чест на капитенот на „црвените ѓаволи“, Вејн Руни.
Англискиот репрезентативец прослави 12 години од трансферот на Олд Трафорд токму од клубот од Гудисон Парк и затоа Руни одбра почесниот натпревар во Манчестер да го одигра против Евертон.
Руни беше во центар на вниманието, а двајцата менаџери на натпреварот не му пристапија сериозно и на полувреме ја сменаа речиси целата постава.
Овој меч беше последна „генералка“ за „црвените ѓаволи“ кои в недела против Лестер во англискиот Супер куп ја отвараат новата сезона.
OhridNews