Охриѓанецот Зоран Левески со тимот на Ал Садака претрпе пораз од иранскиот шампион Схахид Мансоур со 5-3 во вториот натпревар во групата. Во првиот меч Ал Садака одигра 0-0 против тајландскиот ГХ Банк РБАЦ.



Иранскиот првак по двете победи во групата го осигура првото место, додека за второто во директната пресметка ќе одлучат Ал Садака и узбекистанскиот првак Ардус.