Фудбалерите на Барселона обезбедија натпревар за медал, откако го минаа Атлетико Мадрид во полуфиналето во Купот на Шпанија со 3-2 вкупен резултат.
Минатогодишниот шампион во кралскиот куп со реми на Ноу Камп 1-1 ја задржа предноста од првиот меч 2-1 и го чекираше финалниот билет.
За водство на домаќините погоди Луис Суарез во 43-та минута, а во 57-та минута останаа со играч помалку по црвениот картон на Серхи Роберто. Силите на теренот брзо се израмнија по црвениот картон на Јаник Караско во 63-та минута.
Атлетико Мадрид со голот на Кевин Гамиеро го изедначи резултатот и се врати во игра, но не успеа да го анулира поразот од првиот меч. Пред крајот на натпреварот поцрвена и Луис Суарез кој го постигна единствениот погодок за каталонците.
Противник на каталонците во финалето ќе биде подобриот од мечот Алавес – Селта. Првиот натпревар заврши без победник 0-0.
OhridNews