Легендата на „сините“, Френк Лампард со реми неофицијално дебитираше на клупата од Челси, откако неговите избраници одиграа 1-1 со тимот на Бохемијанс од Република Ирска.

Челси поведе со 1-0 во 8-та минута со погодокот на Мичу Бачујаши. Англискиот премиерлигаш водството го чуваше до последната минута од регуларниот дел на мечот. Фудбалерите на Бохемијанс во 89-та минута погодија за егал и му го расипаа дебито на Лампард.

Новиот менаџер на Челси на терен испрати комбиниран состав, а клубот ќе се комплетира после доаѓање на сите фудбалери од летните одмори. Челси и Лампард рака за соработка пуштија овој летен преоден рок, откако „сините“ останаа без менаџер после заминување на Маурицио Сари во Јувентус.

OhridNews