Без победник (1-1) заврши дербито на Енфилд меѓу Ливерпул и Тотенхем во 32-та рунда од англиската Премиер лига.
На ремито од дерби средбата најмногу ќе се израдува тимот на Лестер кој со триумф над Саутемптон ќе се одлепи на седум бодови од „петлите“.
Домаќините поведоа со голот на Коутињо во 51-та минута, а резултатот го изедначи Хари Кејн дванаесет минути подоцна.
Во продолжението од мечот и двете екипи имаа свои прилики, но голманите не дозволија нова радост на фудбалерите.
Резултати: Астон Вила – Челси 0-4, Бурнмаут – Мен Сити 0-4, Арсенал – Ватфорд 4-0, Норвич – Њукасл 3-2, Стоук – Свонси 2-2, Сандерленд – ВБА 0-0, Вест Хем – Кристал Палас 2-2, Ливерпул – Тотенхем 1-1.
Табела: Лестер 66 (-1), Тотенхем 62, Арсенал 58 (-1), Мен Сити 54 (-1), Вест Хем 51 (-1), Мен Ју 50 (-2)..
OhridNews