Екипите на Манчестер Сити и Ливерпул ги поделија бодовите ремизирајќи (1-1) во дербито на колото во англиската Премиер лига, додека Манчестер Јунајтед со триумфот (3-1) над Мидлзброу на „Риверсајд“ конечно се помести од „ветената“ шеста позиција на табелата.
„Граѓаните“ пред своите гледачи со голот на Серхио Агуеро во 69-та минута осигураа бод на дуелот со Ливерпул кој поведе на стартот од вториот дел по успешно реализираниот пенал на Џејмс Милнер.
„Црвените ѓаволи“ на гостувањето на „Риверсајд“ против Милдзброу го покажаа вистинското лице совладувајќи го домаќинот 3-1. После повеќе од три месеци пулените на Жозе Мурињо се искачија на петтата позиција во Премиер лигата истиснувајќи го Арсенал од ТОП 5 екипите.
Резултати: Мидлзброу – Мен Ју 1-3, Тотенхем – Саутемптон 2-1, Мен Сити – Ливерпул 1-1.
Табела: Челси 69, Тотенхем 59, Мен Сити 57, Ливерпул 56, Мен Ју 52, Арсенал 50….
OhridNews