Без победник (1-1) заврши дербито на Олимпико помеѓу Лацио и Милан во 24-та рунда од италијанската „Калчо“ лига.


Домаќините во последната минута од првиот дел поведоа со голот на Биглија од пенал, а во финишот од второто полувреме „росонерите“ изедначија со погодокот на Сусо и обезбедија бод.


После ремито, Лацио заостанува само бод од Аталанта која е петтопласирана, додека миланезите со 41 освоен бод се наоѓаат на седмата позиција.

OhridNews