Без победник 1-1 заврши дербито во 19-та рунда од Бундес лигата меѓу екипите на Баерн Минхен и Шалке.
Иако звучи чудно, но „баварците“ треба да бидат среќни со освоениот бод бидејќи од 18-та минута играа со фудбалер помалку откако исклучен беше Жером Боатенг.
Токму во таа минута Чупо Мотинг не успеа да ја затресе мрежата на домаќините од белата точка.
Покрај играчкиот дефицит фудбалерите на Баерн Минхен поведоа во мечот со голот на Арјен Робен во 67-та минута.
Само пет минути траеше водството на „баварците“ откако во 72-та Ховедес погоди за 1-1 и го постави конечниот резултат.
Резултати : Баерн Минхен – Шалке 1-1, Менхенгладбах – Фрајбург 1-0, Ајнтрахт – Волфзбург 1-1, Хановер – Мајнц 1-1.
Мх.П.