Без победник (1-1) заврши лондонската пресметка меѓу Арсенал и Тотенхем на Емирати во 12-та рунда од Премиер лигата.
Гостите преку Хари Кејн во првиот дел поведоа со 1-0, но не успеаја да ја сочуваат предноста до крајот на мечот откако Кирен Гибс во вториот погоди за реми 1-1.
Колото пред репрезентативната пауза го одбележа првиот неуспех на Јирген Клоп во Премиер лигата. „Црвените“ на Енфилд претрпеа пораз од Кристал Палас 2-1 и направија чекор назад од местата на табелата кои водат во ЛШ.
Резултати : Астон Вила – Мен Сити 0-0, Арсенал – Тотенхем 1-1, Ливерпул – Кристал Палас 1-2.
Табела : Мен Сити 26, Арсенал 26, Лестер 25, Мен Ју 24, Тотенхем 21…
Мх.П.










