Екипите на Парма и Милан ги поделија бодовите во воведниот натпревар од 33-та рунда во италијанската Серија А ремизирајќи 1-1 на „Енио Тардини“.

„Росонерите“ со погодокот на Сами Кастилјехо поведоа со 1-0 во  69-та минута, но не успеја да ја задржат предноста и да ги освојат трите бодови. „Млекарите“ во 87-та минута со голот на Бруно Алвес изедначија и осигураа бод пред своите гледачи.

Ремито не им оди во прилог на „росонерите“, кои, можат да паднат на петтата или шестата позиција ако Рома и Аталанта победат во мечевите од 33-та рунда.

OhridNews