Репрезентацијата на Македонија на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп ремизираше играјќи без голови 0-0 со соодветната селекција на Албанија. Селекторот на “црвено жолтите“ Џон Тошак на “генерaлката“ со западниот сосед им пружи шанса на сите фудбалери кои се најдоа на списокот.


Македонија ја погоди противничката во 37-та минута, преку повратникот во селекцијата Наумоски со глава но линискиот судија го поништи голот поради офсајд ситуација. Селекцијата на Албанија преку прекини ги имаше најсериозните прилики за погодок, но голманите Пачоски и Нурединоски беа на висина на задачата.

По овој натпревар велшанецот на македонската клупа, треба да ја комплетира сликата како ќе изгледа составот на “црвено-жолтите“ во квалификациите за СП во Бразил во 2014 година.

Мх.П.