Реал Мадрид направи голем чекор назад во трката за титулата во Ла Лига откако ремизираше 1-1 со Малага во 25-та рунда од шампионатот.
Трагичар во ремито на „кралевите“ беше Кристијано Роналдо кој при водство 1-0 не успеа да реализира удар од белата точка.
Голманот на Малага, Камени го скроти ударот на Португалецот кој и го донесе Реал Мадрид во предност.
Гостите од Мадрид казната за нереализираниот пенал ги стигна во 67-та минута кога Раул Албентоса го изедначи резултатот.
После ремито „кралевите“ заостануваат девет бодови од Барселона која ден претходно го совлада Лас Палмас со 2-1, а имаат исти бодови со Атлетико кој има меч помалку.
OhridNews











