Без победник (1-1) заврши најголемото англиско дерби на Олд Трафорд меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, додека Евертон го декласираше Манчестер Сити на Гудисон Парк победувајќи со 4-0.


Поблиску до триумф на Олд Трафорд беше тимот од Ливерпул кој со голот на Милнер од пенал поведе со 1-0. „Црвените ѓаволи“ иницијативата на теренот ја искористија во финишот, кога преку Ибрахимовиќ го изедначија резултатот.


„Карамелите“ му го загорчија животот на Пеп Гвардиола во Англија, откако со убедливи 4-0 го преслушаа составот од Етихад. Лукаку, Миралс, Дејвис и Лукман ја погодија мрежата за Евертон.


Резултати: Евертон – Мен Сити 4-0, Мен Ју – Ливерпул 1-1.

Табела: Челси 52, Тотенхем 45, Ливерпул 45, Арсенал 44, Мен Сити 42, Мен Ју 40…

OhridNews