Екипите на Депортиво Ла Коруња и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите на „Риазор“ ремизирајќи 1-1 во првиот меч од 10-та рунда од Ла лига.


„Јорганџиите“ имаа водство со голот на Тијаго во првиот дел, но „сино белите“ со погодокот на Перез во вториот обезбедија реми пред своите гледачи.


Со бодот Ла Коруња се искачи на шестата позиција додека Атлетико им се доближи на Реал Мадрид и Барселона кои пак имаат меч помалку.

Мх.П.