Без победник 1-1 заврши градското дерби во Милано меѓу Милан и Интер во 12-та рунда од Серија А.
„Росонерите“ со погодокот на Жереми Менез во 23-та минута поведоа со 1-0. Егал на семафорот донесе Џоел Оби во 61-та минута.
Двете екипи во продолжението од мечот имаа по една прилика. Прво Ел Шарави ја погоди пречката, а во исто мера возврати и Икарди.
Резултати : Милан – Интер 1-1, Торино – Сасуоло 0-1, Чезена – Сампдорија 1-1, Верона – Фиорентина 1-2, Парма – Емполи 0-2, Наполи – Каљари 3-3, Удинезе – Киево 1-1, Аталанта – Рома 1-2, Лацио – Јувентус 0-3.
Табела : Јувентус 31, Рома 28, Наполи 22, Сампдорија 21, Лацио 19…
Мх.П.