Милан и Фиорентина ги поделија бодовите на „Сан Сиро“ ремизирајќи 1-1 во последниот натпревар од осмата рунда во Серија А.


„Росонерите“ со голот на Најџел де Јонг имаа предност, но „виолетовите“ преку Јосип Илиќ изедначија и останаа непоразени на гостувањето во Милано.


Со ремито миланезите го расипаа денот на фаворитите кои остварија победи во новните натпревари.

Резултати : Киево – Џенова 1-2, Јувентус – Палермо 2-0, Удинезе – Аталанта 2-0, Чезена – Интер 0-1, Лацио – Торино 2-1, Наполи – Верона 6-2, Милан – Фиорентина 1-1.

Табела : Јувентус 22, Рома 19, Удинезе 16, Сампдорија 15….

Мх.П.