Без голови и без победник заврши првата полуфиналната пресметка помеѓу Челси – Арсенал во рамките од Лига купот одиграна на Стемфорд Бриџ.

Комбинираните состави на двете екипи не донесоа кој знае каков фудбал и во голема мера не ги исполнија очекувањата, особено по ремито (2-2) во Премиер лигата. Најмногу внимание во полуфиналето привлекоа одлуките на Мартин Еткинсон кои ги донесе со ВАР технологијата која дебитираше во англискиот фудбал.

Одлуката за пласман во финалето ќе падне на Емирати во реваншот кој е закажан за 26 јануари.

OhridNews