Без победник (1-1) заврши контролниот натпревар помеѓу екипата на Струга Трим Лум и кичевски Велазерими кој двете екипи го одиграа на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Лидерот на табелата во Втората МФЛ-запад, Струга Трим Лум поведе со погодокот на Агон Хајредини во 30-та минута од првиот дел. Фудбалерите на Велазерими израмнија на почетокот од вториот дел со голот на Мирлинд Ибраими од слободен удар. Тренерите на екипите во продолжението од мечот ротираа многу, а темпото опадна и резултатот остана непроменат.

За „црвено белите“ ова е второ реми во подготвителниот период, а до почетокот на сезоната ќе одиграат контролни средби со Тетекс и Гостивар.

OhridNews