Македонската футсал репрезентација ремизираше 2-2 со репрезентацијата на Полска. Домаќинот поведе со 2-0 по првите петнаесетина минути со погодоците на  Франц и Кусиа.

Избраниците на Скендеровски долго во мечот се мачеа да го пронајдат патот до противничката мрежа. Прв мрежата ја начна  Љубомир во 31 минута, додека во финишот на мечот во 39 минута погоди Ранготов за конечни 2-2.

На останатиот натпревар во групата Португалија ја совлада Белорусија со 5-1.

По двете одиграни рунди на табелата води Португалија со максимален ефект, втор е домаќинот Полска, додека Македонија со еден бод се наоѓа на третото место, последна е Белорусија.

Во одлучувачкото трето коло Португалија игра против Полска, додека Македонија игра со Белорусија.  

Ohridnews