Екипата на Валенсија успеа да извлече бод против Барселона ремизирајќи (1-1) пред своите гледачи во 14-та рунда од Ла Лига.

Фудбалерите на Валенсија со ремито му посакаа топло добре дојде на Гери Невил кој имаше официјално деби на клупата.

Домаќините со погодокот во 86-та на Санти Мина го анулираа водството на гостите кое го стекнаа преку Луис Суарез во 59-та минута.


Претходно, успешно своите задачи во 14-та рунда ги одработија Реал и Атлетико Мадрид совладувајќи ги Гетафе (4-1) и Гранада (2-0).

Градските ривали од Мадрид на табелата заостануваат два, односно четири бодови од лидерот Барселона.

Мх.П.