Вест Бромвич Албион и Манчестер Јунајтед ремизираа 2-2 во последниот натпревар од осмата рунда во Премиер лигата.


„Ѓаволите“ можат да бидат сосема задоволни со освоениот бод откако за 2-2 погодокот го постигнаа во 87-та минута преку Дејли Блинд.

Претходно за 1-0 погоди Сесињон, резулатот го изедначи Фелаини на стартот од вториот дел.


Ново водство за домаќините донесе Берахино, а холандскиот репрезентативец го спаси Јунајтед од пораз на гостувањето во Бирмингем.

 

Мх.П.