Екипите на Тотенхем и Ливерпул ги поделија бодовите ремизирајќи (1-1) во дербито од третата рунда во англиската Премеир лига.


Двете екипи одиграа маестрален фудбал на „Вајт Харт Лејн“ и ремито на крајот беше најреален исход.

„Црвените“ преку Џејмс Милнер во 43-та минута поведоа со 1-0, а бодот за „петлите“ пред своите гледачи го обезбеди Дени Роуз со голот во 72-та минута.


Со бодот Тотенхем стигна до петтиот бод сезонава додека „црвените“ од Енфилд имаат бод помалку.

OhridNews