Без победник (1-1) заврши градската пресметка помеѓу Еспањол и Барселона во рамките од 22-та рунда во шпанската Примера дивизион.

Ремито во градското дерби помина во знакот на Жерард Пике. Дефанзивецот беше главен виновник за водечкиот погодок на домаќините, а „блауграната“ од пораз во дербито се спаси токму со неговиот погодок седум минути пред крајот на мечот.

Барселона останува на врвот од табелата во Ла лига и ја продолжи серијата без пораз која датира од почетокот на сезоната.

OhridNews