Металург – Вардар ремизираа 18-18 (8-8) во натпреварот од Сеха ракометната лига. Актуелниот македонски првак имаше предност во поголемиот дел од мечот, а имаше и удар од седум метри во последните секунди од мечот.

Златко Мојсоски не го реализираше пеналот, по што пресметката заврши без победник. Најпрецизен во тврдиот меч со пет гола беше ракометарот на Металург Филип Миркуловски , додека кај “црвено-црните“  Ратко Николиќ, Тихомир Додер и Добривоје Марковиќ реализираа по три гола.

По овој натпревар, Загреб КО и натаму е прв на табелата во оваа лига со 23 бода, колку што има и Вардар (и подобра гол разлика), но со две средби помалку, додека Металург е трет со 21 бод, но со два натпервари помалку од Вардар.

Ohridnews