Без голови и без победник заврши дербито на Енфилд помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед во првиот меч од 8-та рунда во Премиер лигата.

169-то дерби го одбележаа голманите Симон Мињолет односно Давид де Геа кои имаа по една фантастична интервенција. Мињолет го одбрани ударот на Ромелу Лукаку во финишот, додека Де Геа на маестрален начин спаси чист погодок после ударот од Матип.

Со освоениот бод од дербито Манчестер Јунајтед се одлепи на врвот, но градскиот ривал Манчестер Сити има натпревар помалку, кој ќе одигра во 16 часот против Стоук на домашен терен. 

OhridNews