Без победник 24-24 (12-12) заврши супер дербито во регионалната СЕХА лига меѓу Веспрем и Вардар одиграно во „Веспрем Арената“.


„Црвено црните“ можат да жалат што не ги освоија двата бодови бидејќи во последните моменти од натпреварот имаа напад за победа.

Ракометарите на Вардар доминираа и во текот на мечот одлепувајќи се на четири голови разлика, но не го направија последниот чекор кон победа.

Квалитетните ракометари на Веспрем се враќаја во игра и не дозволија пораз пред своите гледачи.

По ремито Вардар и Веспрем имаат ист број на бодови 19 и се наоѓаат на втората односно третата позиција, но унгариците имаат два натпревари помалку.

Ohridnews