Екипата на Ремис со 3-2 го совлада Бекче и триумфираше на меморијалниот турнир во мал фудбал кој втора година по ред се организира во чест на Цветаноски Љупчо- Шенгелија и Башукоски Јордан – Пиперот.

“Белите“ доминираа во текот на мечот имаа повеќе прилики но сигурниот Бафто на голот на Ремис беше непремостилива пречка.

На головите на Колоски Александар и Далчев Љубен во првиот дел возвратија Асани Астрит и Чипаноски Никола, по што првите 25 минути завршија со реми 2-2. Моментот на одлука падна на шест минути пред крајот кога Далчев со вториот гол на мечот го “реши“ финалето.

Во малото финале Дон Маестро го совлада АСП Пак со 4-2 на пенали, мечот во регуларниот дел заврши 2-2.

М.П.