“Не сум воопшто изненаден што тимот на 11 Октомври се наоѓа на дното на прволигшката табела, како играа таму им е местото“ – рече Драган Антиќ српскиот стратег на клупата на охридскиот прволигаш по ремито 1-1 на последниот меч од 9. рунда во Првата Македонска фудбалска лига. Поделбата на бодовите е фрустричка за охриѓани кои имаа повеќе од играта а не успеаа и да реализараат пенал.

 

Кога ќе се погледне табелата и видите дека играте со последниот тим на неа, неможе да бидете задоволни. Антифудбалот кој го играа беше само лоша пропагнда за најважната споредна работа на светот. Во вториот дел повеќе времето го минаа лежејќи на теренот, него обидувајќи се да се надигруваат – истакна Антиќ.

Анти-Гешоски стратегијата затаи во раната фаза од мечот и “првоборците“ дојдоа до предност која малку недостигаше да ја зачуваат.  –Голот падна по наша грешка, посебно им нагласив на одбранбените играчи како да го чуваат, но се случи тоа што се случи, голот ја наруши нашата концепција, а дополнително се искомплиираа работите по промашувањето на пеналот. Сметам дека сме подобра екипа, но тие дојдоа да се бранат овде и успеаа во тоа – напомена Антиќ.


Антиќ исто така потенцираше дека не е задоволен од залагањето на одредни фудбалери и дека и тоа како мора да го преиспитаат својот однос во играта и дресот со охридскиот амблем.

Кога пеналот не е гол . .

М.П.