Фудбалерот на Баерн Минхен и член на Португалија, Ренато Санчез прогласен е за најдобар фудбалер од престижниот италијански весник „Тутоспорт“.
Со фудбалерот за врска португалската селекција го освои трофејот на Европското првенство, а со тимот на Бенфика стигна до титулата во Португалија.
Ренато Санчез победи во силна конкуренција која беше составена од Кингсли Коман, Маркус Рашфорд, Деле Али, Џајнлујџи Донарума, Келечи Ихеначо, Марко Грујиќ.
Првиот млад лауреат „Тутоспорт“ го прогласи во 2003, а наградата замина во рацете на Рафаел ван дер Варт. Потоа награда ја освојуваа Вејн Руни, Лионел Меси, Цеск Фабрегас, Серхио Агуеро, Андерсон, Александре Пато, Марио Балотели, Марио Геце, Иско, Погба, Рахим Стерлинг и Ентони Марсијал.
OhridNews