Португалскиот репрезентативец Ренато Санчез ќе го пропушти стартот на сезоната во Бундес лигата поради повреда на бутниот мускул.
Ренато Санчез се повреди два дена по официјалното вклучување на составот од Баерн Минхен и ќе паузира од три до четири недели.
Според докторите на „баварците“, телото на Португалецот е исцрепено и затоа мускулите попуштиле по неколкуте одработени тренинзи.
Поранешниот фудбалер на Бенфика заедно со репрезентативците на Португалија стигнаа до златото на Европското првенство во Франција одигрувајќи ги речиси сите мечеви.
OhridNews