Петнаесетина реномирани уметници од Балканот учествуваат на првата ликовна колонија „Балкан спирит“, што викендов почна во Охрид.
Уметниците по две недели ќе ги претстават своите дела инспирирани од убавините на Охрид, на изложба што ќе биде отворена во хотелот „Белви“.
Ликовната колонија ја организираат Фондацијата за стратегиски истражувања „Киро Глигоров“ и Асоцијацијата за култура „Икон“.

Сакаме со боја да ја претставиме духовната енергија на Балканот и на Европа и на светот да им кажеме дека оттука тргнало многу духовна енергија, истакна пред почетокот на колонијата, Климе Коробар претседател на Асоцијацијата „Икон.
Делата од колонијата во ноември ќе бидат претставени во скопскиот Културно-информативен центар, а потоа и во земјите од регионот, а се преговара изложбата да биде претставена во Стразбур.
Г.М.











