Фудбалерите на Тетовска Ренова со 2-0 ја совладаа Ријека и се пласираа во второто коло од Интертото купот.

Творец на победата, на реванш мечот кој се одигра на “Градски“ во Скопје, беше Исени кој стрелаше прецизно во (4-та и 56-та минута).

Популарните „гипсари“ во наредната рунда  се среќаваат со израелскиот тим Бејн Шахнин.

М.П.