Тетовска Ренова со 3-1 ја совлада екипата на Струга Трим Лум во контролниот натпревар кој се одигра на „Атина Бојаџи“ стадионот во Охрид.

„Гипсарите“ поведоа со голот на Гафури во првиот дел. Стружани имаа одлична шанса за изедначување, но ударот од белата точка не го реализираше Таири. 

На стартот од второто полувреме тетовчани зголемија на 2-0. Стрелец на голот беше Садики. Резултаската неизвесност во Охрид ја врати Шаќири кој погоди за 2-1. Во финишот Ренова ја завери победата со голот на Додовски.

Пулените на Влатко Костов со контролниот натпревар со Струга Трим Лум ги завршија десетдневните подготовки во Охрид. „Гипсарите“ одиграа три контролни натпревари и забележаа две победи и претрпеа еден пораз.

OhridNews