Тажен крај за охридскиот прволигаш кој со пораз на домашен терен се прости од Првата лига. Охриѓани во последниот меч во прволигашката конкуренција не успеаа да му парираат на актуелниот куп освојувач Ренова кој понесен од двоецот Гафури – Јанчевски ги однесе бодовите од Охрид.

Доминираа во текот на целиот  дел “црвено-белите“ креираа многу прилики пред охридскиот гол, а застанаа на седум. Младиот охридски состав не успеа посериозно да се закани кон голот на Зендели, кој беше гледач повеќе на мечот.
Гол серијата започна на средина на првиот дел, за прв пат мрежата ја затресе Јанчевски, кој по ударот од аголот на втората статива ја прифати топката и со полуволеј биеше прецизно. Истиот фудбалер десетина минути подоцна со погодок го круниса продорот на Гафури.

Немоќноста  на охридскиот состав беше евидента во вториот дел. Гостите “везеа“ по теренот стигнувајќи многу лесно до изгледни прилики. Немаа против игра за Гафури кој не само што асистираше туку и ја тресеше противничката мрежа.

Откако самиот се запиша во листата на стрелци, не себично му асистираше на Бајрами за убедлива предност од 5-0. Неколку минути подоцна во казнетиот простор беше соборен Скендери, а Блажевски покажа на белата точка.  Сигурен реализатор на најсторгата казна беше Бајрами, кој по втор пат се запиша во листата на стрелци.

Во финишот на мечот, охридскиот “везист“ Далчески го постигна почесниот гол за домќаините. Точка на серијата и одличниот ден за “гипсарите“ стави  Гафури со голот од слободен удар.

M.П.