Екипата на Ренова во Охрид стартуваше со подготовките за пролетниот дел од сезоната, “гипсарите“ по реализираниот прв дел се враќаат во Тетово, каде ќе останат десетина дена по што се враќаат во Охрид на 9 февруари.

– Задоволен сум од првата фаза, фудбалерите го одбработија зацртаното. Тренизите се одвиваа два пати дневно, а во преден план ја ставивме физичката подготвеност. Сега ни преостанува да се воиграме, а тоа ќе го искористиме повторно во Охрид на финалните подготовки – потенцираше Влатко Костов, тренерот на Ренова. 

“Гипсарите“ во Охрид во периодот кој следи ќе одиграат пријателски натпревари со Силекс, Охрид 2004, второлигашот Гостивар и српскиот Пролетер.

Мх.П.