
Предавањето, пред учениците од трето до петто оделение, ќе го реализира полициски службеник задолжен за контакти и обезбедување на основното училиште. Целта на ова предавање кое ќе се одржи во склоп на проектот на Министерството за внатрешни работи „Полицијата и учениците се дружат“ е зголемување на степенот на безбедност на учениците од основните и средните училишта.
На денешното предавање во основното училиште во Белчишта, ќе присуствува и свое пригодно обраќање ќе има градоначалникот на општината Дебрца, Игор Трајкоски.
OhridNews












